Свети Наум, Охрид

Лицата корисници на ваучер за туризам од кампањата “Дома си е дома”, во износ од 6000 денари, издаден од Министерството за економија, може да го искористат ваучерот за добивање на туристичка и угостителска услуга на сместување или услуга на сместување и исхрана во категоризирани угостителски објекти во период од 15.07.2020 до 15.12.2020.

Листата на сместувачки капацитети каде може да се искористат ваучерите е објавена на овој линк: Дома си е дома.

Според приложената листа, најголем број на сместувачки капацитети има од Охрид и Скопје.

Доколку вредноста на туристичката или угостителска услуга која се плаќа со ваучерот за туризам е помала од 6.000 денари – ќе се смета дека ваучерот е целосно искористен. Ако вредноста на туристичката или угостителска услуга која се плаќа со ваучерот за туризам е поголема од 6.000 денари, разликата над овој износ ја доплатува корисникот на ваучерот за туризам.