Од март 2024 година веќе нема да има потреба да се менуваат по 3 или 4 авиони за да се стигне до Австралија.
Една од светските водечки авиокомпании Turkish Airlines, од 15 март оваа година започнува со директен лет од Инстанбул до Мелбурн, со што патувањето ќе биде многу пократко, без чекање и менување на авиони.
Летовите ќе сообраќаат три пати неделно, на почеток со застанување (stopover) во Сингапур, пред да започне планираната директна рута меѓу Мелбурн до Истанбул со авиони Ербас А350-1000, кои се со ултра долг дострел.
Мелбурн е 346-та дестинација на оваа авиокомпанија, a Австралија е 130-та држава и 6-ти континент до кој имаат авионска линија.
Авионски карти може да купите на официјалниот веб сајт на Turkish Airlines.