Една од најдобрите авиокомпании во светот, Turkish Аirlines не престанува да не’ воодушевува со одлични реклами.
“Турција – земја на чудата” е насловот на најновата реклама на оваа авиокомпанија, каде е прикажано како Турција има се’. За да снимите извонредна реклама, не мора да одите до Кариби за сцени со јахти и нуркање, не мора да одите на Алпите за сцени со скијање, не мора да одите до Северна Африка за сцени со културно-историски и мистериозни објекти… сето ова го има во Турција.
Погледнете ја оваа извонредна реклама, каде низ интересна приказна се прикажани дел од најубавите места во Турција:
Од авикомпанијата порачуваат: “Замислете ги неверојатните искуства кои ве очекуваат на едно единствено патување низ богатите природни и историски чуда на Турција – сега е време да ги истражите пошироко. Уживајте во вашето патување!”
А, дефинитивно најдобрата реклама за авиокомпанија исто така припаѓа на Turkish Аirlines: