Живееме во мала држава, но Македонија не е толку мала во споредба со 10-те најмали држави во светот. Најмалата град-држава во светот се протега на површина од само 0,44 км2 и во неа живеат 800-900 луѓе. Станува збор за Ватикан, држава која има своја пошта и телекомуникации, банкарски систем и радио станица.
Топ 10 најмали држави во светот:
1. Ватикан – со површина од 0,44 км2.
2. Монако – со површина од 2,02 км2.
3. Науру – со површина од 21 км2.
4. Тувалу – со површина од 26 км2.
5. Сан Марино – со површина од 61 км2.
6. Лихтенштајн – со површина од 160 км2.
7. Маршалски острови – со површина од 181 км2.
8. Свети Кристофер и Невис – со површина од 261 км2.
9. Малдиви – со површина од 298 км2.
10. Малта – со површина од 316 км2.
На оваа листа, Македонија со површина од 25.713 км2 се наоѓа на 50 -то место.
Целосната Топ 50 листа на најмали држави во светот може да ја погледнете ТУКА.