Photos from Unsplash.com

Дури 85% од водите за капење во Европа се рангирани како “одлични”, се вели во најновиот извештај на  Европската агенција за животна средина (ЕЕА).

За изработка на овој извештај опфатени се земјите членки на ЕУ плус Швајцарија и Албанија, а тестирани се 22.000 места за капење, каде во предвид се земени и држави кои немаат излез на море, но имаат езера и друг вид на места за капење.

Рангирањето на државите со најчиста вода за капење е изработено според извештај кој е базиран на тестирања на примероци од вода земени за време на сезона на капење, анализирајќи го присуството на бактерии кои укажуваат на загадување од канализација и добиток.

Според овие анализи на прво место со најчиста вода за капење е Австрија, држава која нема излез на море, но 97,7% од нејзините води за пливање се прогласени за одлични.

Photo: Anne Drotleff from Unsplash.com

На второ место се наоѓа Малта, на трето Грција, на четврто Хрватска, а на петто место е Кипар. Топ 10 листата продолжува со Данска на петто место, па Германија, Бугарија, Литванија и на десетто место е Португалија.

Извештајот на ЕЕА може да го погледнете ТУКА.