Photos from Unsplash.com

Нашиот главен град Скопје е именуван меѓу најдобрите викенд дестинации во Европа.

Опишан како убав, мал град со речиси никаков туризам, но евтин за посета (со просечна цена од 38 евра по лице за викенд во хотел) и со добар ноќен живот, според искуства наведени од посетители на TripAdvisor, сајтот Slot.Day го смести Скопје во најдобрите дестинации за викенд посета.

Истражувањето покажало дека Скопје има 20 објекти за ноќен живот кои се оценети со четири или пет ѕвезди.

Photos from Unsplash.com

Исто така, наведено е што се’ треба да се посети во нашиот главен град – “Скопје има многу знаменитости од Отоманската и Византиската ера, Камениот Мост и тврдината Кале, Старата чаршија со занаетчиски продавници, чајџилници, џамии и ноќен живот. Тука е и “Свети Спас”, делумно подземна црква од 14 век, како и огромен плоштад со статуи и кафулиња, Плоштадoт Македонија и многу музеи за истражување.”

Photo: Lex Melony from Unsplash.com

Освен Скопје, други градови вклучени на листата на најдобри викенд дестинации во Европа се: Прага во Чешка, Софија во Бугарија, Варшава во Полска и Берлин во Германија.

A, пак меѓу најлошите места за викенд посета во Европа се наведени: Берн во Швајцарија, Рејкјавик на Исланд и Валета на Малта.

Целиот текст може да го прочитате ТУКА.

Предлог места за викенд-прошетки во околината на Скопје:

Предлог места за викенд-прошетки во околината на Скопје