Венеција… не е само Мостот на Воздишките, плоштадот Сан Марко, магичните каналчиња кои пленат со својата убавина и малите мостови, Санта Марија Дела Салуте… Има едно мало ресторанче кое на туристите не им е многу познато, се вика “Bacaretо da Lele”. Се наоѓа покрај канал, на ќоше, масичките се заменети со буренца, се е минијатурно и вкусно, а и евтино!
Да не ве заморувам премногу со читање, повелете фотографии и мапа како да стигнете до “Да Леле”. Јас со душа го чекам Јули за повторно да си зафатам буренце, да пијам аперол, винце и да јадам некое вкусно сендвиче.
Автор: Ц.С