Стаклен видиковец “Skywalk” во форма на потковица e новата атракција во Паркот на природата Биоково, во Макарска, Хрватска. Видиковецот е веќе завршен и истестиран, а за посетители ќе биде отворен во втората половина на Август 2020.
На бетонска конструкција се поставени стаклени плочи по кои посетителите може да се движат и да имаат совршен поглед во сите правци, на висина од 1228 метри, со екстензија до 12 метри од почетната точка на стаклената конструкција. Изградбата на овој видиковец чини 8.000 000 куни или околу 1.050 000 евра.
“Макарска е позната по единствениот спој на море, плажи и планини. Биоково сам по себе како парк на природата е единствен и еден од нашите најголеми туристички адути.” – истакнува Хловерка Новак Срзиќ, директорка на Туристичката заедница во Макарска.
Дали би се осмелиле да прошетате по овој стаклен видиковец?