Photo: Markus Spiske/Unsplash

Според дадената препорака на Европската комисија, македонските државјани наскоро би можеле да патуваат во земјите – членки на Европската Унија.

Оваа информација денеска ја објави на својот Twitter профил Еврокомесарот за проширување на ЕУ – Oliver Varhelyi:

„Европската комисија препорача да се укинат ограничувањата за патувања за државјаните на сите земји од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Косово, започнувајќи од 1 јули, бидејќи епидемиолошката ситуација во овие земји е слична или подобра од онаа во Европската Унија“.

 

Исто така, Европската комисија дава препорака на земјите-членки на ЕУ да ги укинат сите внатрешни гранични контроли (во Шенген зоната) до 15 јуни 2020. Предлагаат јасен и флексибилен пристап кон отстранување на ограничувањата за патување во ЕУ, започнувајќи од 1 јули – соопшти комесарката за домашни работи на ЕУ  Ylva Johabsson.