За да привлече повеќе посетители од клучните пазари – Европа, Америка, Јапонија, Јужна Кореја, Југоисточна Азија, Хонг Конг и Макао и да го зголеми бројот на туристи, кои во 2022 биле само 900.000, Тајван реши да им понуди на посетителите по 165 долари за негова посета.
Туристите овој износ ќе можат да го користат за покривање на своите трошоци во Тајван, вклучително и за сместување, а паричниот надомест ќе се доставува дигитално.
По 165 долари ќе бидат дадени на 500.000 индивидуални туристи, а по 658 долари ќе бидат дадени на 90.000 туристички групи, со цел – во 2023 година Тајван да го посетат 6 милиони туристи, во 2024 таа бројка да биде дупло поголема, а во 2025 сакаат да достигнат до 10 милиони посетители.
Тајван ги укина ограничувањата за влез во октомври 2022 година, по едно од најдолгите затворања на границите во светот.
Поопширно прочитајте ТУКА.