“Independent” го објави 27-миот извештај на “Merser” за трошоци на живот, според кој се рангирани најевтините градови за живеење во светот.
Во извештајот се анализирани податоци од 209 градови во светот, распоредени на 5 континенти, а анализите опфаќаат повеќе аспекти на трошоци за живот како: домување, транспорт, комунални услуги, храна, предмети и поправки во домот, здравствено осигурување, облека, рекреација и забава, алкохол и тутун.
Најевтин град во светот за живот е Бишкек во Киргистан, на второ место е Лусака во Замбија, а на трето Тбилиси во Грузија.
На листата најевтини градови за живот во Европа се Минск во Белорусија кој се наоѓа на 13-то место, а по него е Скопје кој е 18-ти најевтин град во светот.
Топ 20 најевтини градови за живеење во светот:
- Бишкек, Киргистан
- Лусака, Замбија
- Тбилиси, Грузија
- Тунис, Тунис
- Бразилија, Бразил
- Виндхук, Намибија
- Ташкент, Узбекистан
- Габороне, Боцвана
- Карачи, Пакистан
- Банџул, Гамбија
- Исламабад, Пакистан
- Алжир, Алжир
- Минск, Белорусија
- Манагва, Никарагва
- Ереван, Ерменија
- Адис Абеба, Етиопија
- Алма Ата, Казахстан
- Скопје, Македонија
- Рио Де Жанеиро, Бразил
- Блантајер, Малави