Сигурно ви се случило да отидете некаде во странство и да не можете да се разберете со некој локален жител. Решението на овој проблем е многу едноставно и корисно – IconSpeak е дизајн на маица, која содржи 40 универзални икони кои ќе ви овозможат да се изразите и да се разберете каде и да патувате во светот. Иконите на маицата отсликуваат најчести патни потреби како: хотел, транспорт, храна, тоалет, WiFi, доктор, вода и сл. На вас останува само да научите да кажете „здраво“ и „благодарам“, бидејќи остатокот можете само да ги посочите на маицата.
Креаторите на оваа маица Џорџ, Стивен и Флоријан објасниле дека идејата за неа им се појавила кога биле на патување во Виетнам: „Многу пати бевме соочени со јазична бариера што можеше да се надмине само со цртање знаци, симболи или икони на парче хартија или на земја. Сметавме дека би било добро да имате суштински пакет икони со вас за време на целото патување, за да можете само да посочите што сакате и локалците веднаш би ве разбрале.”
Оваа маица и слични на неа може да се купат на Amazon.com