На најдобриот аеродром во светот губите чувство дека се наоѓате на аеродром, повеќе наликува на огромен шопинг центар со рајска градина и водопад.
Аеродромот Changi во Сингапур е избран за најдобар аеродром во светот за 2023 година од страна на World Airport Awards (Светски аеродромски награди) доделени во Амстердам на 15 март 2023. Оваа награда Changi ја добива по 12 пат.
Changi не е само аеродром, тој е исто така и трговски центар, јавен зелен парк и забавен парк.
Овој аеродром покрај стандардните аеродромски оддели, содржи и градина со цветни скулптури, градина со 40 видови на пеперутки, базен на кровот, сала за вежбање, бесплатно кино кое работи 24/7, голем шопинг центар каде има продавници и на најлуксузните светски брендови, хотел, стаклен мост, како и заштитниот знак – водопад. Водопадот е висок 40 метри и претставува највисок водопад во затворен простор, кој користи рециклирана вода – дождовница, а навечер е светлечко шоу.
Заради неговиот изглед и содржините кои ги нуди, овој аеродром го посетуваат и посетители кои немаат закажан лет.
По Changi, второто место за најдобар аеродром во светот го завзема аеродрoмот Hamad International во Доха, Катар, a трето место е аеродромот Haneda во Токио, Јапонија.