Од 15 Март – влез во Грција со еден документ помалку

4961
Photo: ISAW Company from Unsplash

Постепено се олабавуваат мерките кои беа донесени заради пандемијата од Ковид-19, па така од 15 март во Грција ќе може да се влезе без задолжително пополнување и приложување на формуларот PLF (Passenger Locator Form), кој Грција го воведе на 1 јули 2020 година.

Министерот за туризам на Грција Василис Кикиљас соопшти – “По препорака од Комисијата на епидемиолoзи од Министерството за здравство, од 15 март 2022 година се укинува пополнувањето на формуларот Passenger Locator Form (PLF) за сите посетители од сите земји за влез во Грција. Укинувањето на PLF формуларот го олеснува процесот за влез на туристи, пренесувајќи го акцентот на контролата на сертификатите за вакцинација.”

Исто така, Комисијата на епидемиолози предложила капацитетот на туристичките автобуси да се зголеми од 85 на 100%.