Македонските граѓани досега во Албанија можеа да влезат без да поседуваат никаков документ за Covid-19, но од 6-ти Септември започнуваат да важат нови правила, кои се однесуваат на сите странски државјани кои сакаат да влезат во оваа држава.
За влез во Албанија потребно е да се приложи еден од следниве документи:
– Потврда за вакцинација / Дигитален серификат
– Негативен антигенски тест или PCR тест не постар од 72 часа
– Потврда за прележан Covid-19 во изминатите 6 месеци
Овие правила не важат за деца на возраст до 6 години.
Патување без PCR тест за транзит патување преку Косово кон Албанија – има ограничување од 3 часа доколку се патува со автомобил или 5 часа доколку се патува со организиран превоз – автобус.