На денешната прес-конференција на Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски беше објавено дека е склучен договор за субвенции за нови авиолинии со компаниите “Wizz Air” и “Lufthansa”.
Со “Wizz Air” ќе може да се лета од Скопје до Луксембург, Штудгард, Салцбург и Љубљана, а со “Lufthansa” – од Скопје до Франкфурт.
“Lufthansa” ќе започне со летови од Скопје до Франкфурт на 23 април и тоа десетпати неделно, а “Wizz Air” до новите четири дестинации ќе лета по трипати неделно од 1 ноември 2023.
Моментално има 48 дестинации до каде може да се лета од Македонија и тоа 41 се од скопскиот аеродром и 7 се од аеродромот во Охрид.