Nasil al-Murk или уште позната и како “Џамија на виножито”, “Џамија на бои”, “Калеидоскоп џамија” и “Розова џамија” е најшарената џамија во светот, која се наоѓа во Шираз во Иран.
Џамијата Nasil al-Murk однадвор изгледа како конвенционална џамија, но внатрешноста го одзема здивот. Изградена е за 12 години (од 1877 до 1888 година), за време на владеењето на династијата Qajar во Иран, а зафаќа површина од 2890 квадратни метри.
Кога сте во внатрешноста на џамијата имате чувство како да се наоѓате во калеидоскоп. Џамијата оживува со првите зраци на Сонцето, кога целата нејзина внатрешност се преплавува во црна, бела, сина, светло сина, црвена, теракота и жолта боја. Боите од витражите на прозорите се рефлектираат на подот, на сите ѕидови, како и на посетителите.
Погледнете како изгледа надворешностa и внатрешноста на оваа уникатна џамија: