Photos from Unsplash.com

Според истражување кое го има направено IVisa за најсреќни градови во светот – 8 од 10-те најсреќни градови во светот се наоѓаат во Европа. За истражувањето во предвид земале пет критериуми: oчекуван животен век, број на сончеви часови, работно време, трошоци за живот и љубезност на населението.

Па така, според наведените параметри, најсреќен град во светот е главниот град на Португалија – Лисабон. Лисабон има 2081 сончеви часови, жителите во просек работат по 31 час неделно, локалното население е второ по љубезност, а според трошоци за живот се наоѓа на 6-то место.

Photo: Bernardo Lorena Ponte from Unsplash.com

Листата со Топ 10 најсреќни градови во светот продолжува со:

2. Барселона, Шпанија

3. Атина, Грција

4. Рим, Италија

5. Сиднеј, Австралија

6. Мадрид, Шпанија

7. Торонто, Канада

8. Сан Хозе, Коста Рика

9. Истанбул, Турција

10. Банкок, Тајланд

Барем на кратко отпатувајте и почувствувајте ја среќата на секој чекор во Лисабон, а предлог што да посетите во овој град прочитајте на линкот:

Лисабон – совршен град за уживање на животот