Кога ќе се најдете на било кој поголем аеродром во светот, во гужва на чекирање на картите, пасошка контрола, редици пред гејтови, гужвите пред рестораните за брза храна и кафе, потрага за место плус на некое столче (во поново време посебно каде што има полначи за мобилни телефони), како и пред лентите на кои излегува багажот, во тие моменти сигурно ќе ви дојде на памет прашањето – колку ли народ циркулира деноноќно по аеродромиве ?!?
Airports Council International секоја година обработува податоци со најпрометни аеродроми во светот по број на пристигнати, заминати и трансфер патници. Па така, листата со најпрометни аеродроми за првата половина на 2019 година (со оглед дека годината сеуште не е завршена) е следна:
- Hartsfield–Jackson Atlanta International Airport во Атланта, Џорџија, САД со вкупен број на патници: 54.388.000.
- Beijing Capital International Airport во Пекинг, Кина со вкупен број на патници: 49.242.000.
- Los Angeles International Airport во Лос Анџелес, Калифорнија, САД со вкупен број на патници: 43,049,000.
- Tokyo Haneda Airport во Токио, Јапонија со вкупен број на патници: 41,435,000.
- Dubai International Airport во Дубаи, ОАЕ со вкупен број на патници: 41,278,000.
- O’Hare International Airport во Чикаго, Илиноис, САД со вкупен број на патници: 39,512,000.
- London Heathrow Airport во Лондон, Обединето Kралство со вкупен број на патници: 38,750,000.
- Shanghai Pudong International Airport во Шангај, Кина со вкупен број на патници: 38,220,000.
- Hong Kong International Airport во Хонг Конг, Кина со вкупен број на патници: 37,800,000.
- Paris-Charles de Gaulle Airport во Париз, Франција со вкупен број на патници: 36,339,000.