За овој остров буквално важи изрaзот “Нема каде игла да се фрли”. Најмалиот, најгусто населен остров во светот – Мигинго се наоѓа во езерото Викторија, на граница помеѓу Уганда и Кенија.
Мигинго е помал од половина фудбалско игралиште (или поточно 2.000 м2), а на прв поглед, заради металните куќарки на него, изгледа како голема метална желка. На островот живеат околу 130 луѓе, според официјални бројки од попис во 2009 година, но оваа бројка денеска достигнала до 1000 жители. Првите жители на овој остров се населиле во 1991 година кога островот бил пуст, обраснат со коров и полн со змии и птици. Потоа, се проширила информација дека околу островот има добар улов на риби, па почнале да се населуваат и многу риболовци од Кенија, Танзанија и Уганда.
Животот на островот е сконцентриран околу риболовот и зависи од квалитетот на уловот во текот на годината, а опасност за овие риболовци доаѓа од локалните пирати, кои се познати по тоа дека освен што ги ограбуваат своите жртви, тие и ги убиваат, со што го прават ова езеро опасно место за работа.
Иако е многу мал островот, сепак на него има мало пристаниште, неколку барови, ресторан, аптека со лекар, билјард, па дури и хотелско сместување.
Жителите на Мигинго на почетокот важеле за непријателски расположени кон посетители, но овој мит бил брзо разбиен, па посетителите на овој остров потврдиле дека неговите жители се гостопримливи домаќини, кои сакаат да зборуваат со странци, да споделуваат свои сеќавања за овој остров и мислења за неговата иднина.
Инаку, најгусто населен остров во светот е островот Санта Круз дел Ислоте во Колумбија, но тој е поголем остров, со површина од 1 хектар или колку две фудбалски игралишта.