Најлуксузниот поларен крузер Scenic Eclipse на австралиската компанија Scenic Group изграден е во бродоградилиштето Уљаник во Пула и моментално е закотвен во пристаништето во Риека, каде ќе остане се додека траат мерките за справување со пандемијата од Covid-19.
Овој крузер може да се пофали со луксузно уредување на секој метар квадратен во него. Долг е 168 метри, широк 21,5 метри, а може да прими до 228 патници за пловидба по сите мориња – и во тропски и поларни предели.
Крузерот има: два хеликоптери од кои секој може да прими по 6 лица, глисер и подморница која може да прими 6 лица и да нурне во морска длабочина до 300 метри.
Содржи: 8 палуби, 114 кабини кои всушност се луксузни апартмани со дневна соба и балкон, а на располагање имате и батлер. Може да се релаксирате во Спа центар кој нуди базени во скандинавски стил, теретана, студио за пилатес и фризерски салон.
Во 10 ресторани се служи првокласна храна, може да изберете од азиска до француска кујна, а во некој од осумте бара може да уживате во 100 различни видови на виски.
Овој луксузен третман е со почетна цена на карта од 6.400 долари по човек.