Со должина од околу 48.000 километри, најдолгиот автопат на светот поминува низ различни климатски зони и низа различни пејзажи како пустини, планини и џунгли.
Најдолгиот автопат на светот е изграден во 1936 година и е наречен Панамерикан. Панамерикан поминува низ 14 држави: Канада, САД, Мексико, Гватемала, Ел Салвадор, Хондурас, Никарагва, Костарика, Панама, Колумбија, Еквадор, Перу, Чиле и Аргентина.
Почнувајќи од заливот Прудо, Алјаска, патот се движи кон југ, минувајќи низ Канада, САД, Мексико и Централна Америка.
Автопатот ги поврзува повеќето делови на Америка, но исклучок е јазот Дариен, кој се протега на 100 км и се состои од планински и шумски терен. Иако автопатот е познат по прекрасни пејзажи, патиштата во повеќе делови не се во добра состојба. Најкруцијалниот дел на автопатот е во Костарика, каде што патот се издигнува до 3.334 метри надморска височина и се нарекува Самит на смртта.