Доколку сеуште не сте решиле каде ќе го поминете вашиот зимски одмор, а сте љубители на скијање, еден од најпопуларните магазини PlanetWare https://www.planetware.com/ направи листа на најдобрите 10 скијачки центри во Европа. Кој и да го одберете од наведените центри, нема да згрешите, бидејќи сите се добро познати по својата атрактивна природна убавина, перфектните патеки, одличната организираност и големо искуство за овој тип на забава и рекреација.

Val d’Isere, Франција

Val d’Isère и соседните Tignes нудат 300 км долг ски-терен со повеќе од 150 ски-лифтови. Најнискиот терен е на надморска височина од 1.550 метри, а највисокиот достигнува 3.450 метри, што овозможува да се одржи сезоната за скијање и до месец мај. Понекогаш на глечерите Glacier du Pisaillas дури има скијање и во јуни и јули. Постојат терени за сите нивоа на ски вештини, вклучувајќи падини за деца и почетници. Инструкторите  за скијање тука се меѓу најдобрите во Европа. Самиот град е привлечен, без автомобили и е познат по своите добри ресторани и жива ски-сцена.

Официјална страница: www.valdisere.com/en

 

Zermatt, Швајцарија

Zermatt  се наоѓа на надморска висoчина од 3900 метри и со најголем вертикален пад, испреплетен со 350км скијачки патеки. Ова е една од најубавите и најпривлечни ски области во Швајцарија. Познат по долгите стази кои буквално завршуваат во самото село, па така остава впечаток на идеално место за ски-забава. Возењето до Matterhorn Glacier Ride, кое е веќе отворено за сезоната 2019, е највисоката жичара во светот со капацитет до 2.000 скијачи на час до самиот глечер. На надморска височина од 3.883 метри, глечерот го прави скијањето преку целата година возможно. За помалку искусни скијачи, паркот Wollis, на врвот на кој се наоѓа на самиот крај на жичарницата  Sunnegga, нуди идеален терен со прекрасни погледи.

Официјална страница: www.zermatt.ch    

 

Chamonix, Франција

Ски-центар на врвот на Mont Blanc, највисокиот врв во Европа на 4807м. Висината на планините и глечерите околу Chamonix го зачувува снегот скоро преку цела година, со што се овозможуваат трајни услови за скијање на Алпите. Chamonix се здоби со меѓународна слава како место на првите Зимски олимписки игри, слава која и ден денес трае,  затоа што има дел од најпредизвикувачките терени на светот. Помалку искусните скијачи ги користат областите Brévent – Flégère, каде има падини за сите нивоа на скијање, вклучувајќи го тука и спектакуларниот панорамски поглед од некои од патеките. Почетниците пак можат да уживаат во помалку стрмните патеки на ски-областа Balme – Vallorcine, а семејствата ќе најдат добри услови за дружење во Domaine Skiable des Planards или во областите на La Vormaine.

Официјална страница: www.chamonix.com

 

Cortina d’Ampezzo, Италија

Високо во италијанските Доломити, петте истакнати врвови на Cinque Torri му овозможуваат на хит местото Cortina d’Ampezzo прекрасен амбиент, како и одлични скијачки терени. Откако овде се одржале Зимските олимписки игри во 1956 година, луѓето од високата класа ја направиле Кортина најпосакувано зимско одморалиште на џет-сетерите. Кортина е сместена на страна осамена, а сепак во близина ја врзуваат многуте ски-лифтови со десетина одморалишта како Вал Гардена, сите останати заедно познати како Gruppo del Sella. Многуте жичари и лифтови поврзуваат скоро 400 километри меѓусебно испреплетени патеки, вклучувајќи го и глечерот Мармолада. Целата област е прогласена за Светско наследство на УНЕСКО.

Официјална страница: https://www.dolomiti.org/en/cortina/

 

Kitzbühel, Aвстрија

Недалеку од Салсбург се наоѓа едно од најубавите ски места Kitzbühel на австриските Алпи. Без оглед на огромниот број на луксузни хотели и скапи продавници како оние на Кортина или Сент Мориц, Kitzbühel исто така, ги поканува и семејствата и патниците со помал буџет за поевтини семејни зимувања. 170-те километри долги писти на Kitzbühel нудат можност за сите категории на скијачи, но пред се се наменети за поискусните, заради стрмноста и брзината.Тука веднаш е и соседниот SkiWelt, каде што можат да се користат уште 280 километри ски патеки до кои се доаѓа со 90 лифтови. Треба да се напомене дека овде се наоѓа стазата за најпредизвикувачкиот спуст на австриските Алпи, екстра популарниот Hahnenkamm.

Официјална страница: www.kitzbuehel.com

 

St. Moritz, Швајцарија

Доколу само ги преброите сите трки од светскиот куп во скијање што се одржале на St. Moritz ќе ви стане јасно за популарноста на овој ски-центар. Честопати може да гледате натпревари на олимписката ски-скокалница, која е убавицата на овој центар. Сент Мориц е познат по своите долги и средно долги терени ,буквално за секој скијач во должина од 2486м. Велат дека е едно од првите и најстари ски-места во Европа и дека има свои долгогодишни,традиционални посетители, кои секоја година уживаат во погледите кон Алпите од градчето Corviglia Funical.

Официјална страница: https://www.stmoritz.ch

 

Val Gardena, Италија

Во близина на монденскиот Cortina D’Ampezzo се наоѓа ресортот Вал Гардена во кое има неколку села кои нудат мирен и релаксирачки зимски одмор. За разлика од популарната и богата со ноќен живот Кортина, овде можете да уживате на Доломитите во мир, одмор, релаксирано скијање на врвовите на 160км долгите стази од Груп Дел Села. Но, треба да се напомене дека скоро две третини од терените на  Вал Гардена се за напредни скијачи. За почетниците има речиси 130 километри рамни патеки за уживање. Сите овие патеки се поврзани со 81 ски-лифт, најмодерни со греење, како и познатиот италијански осмосед. Вал Гардена е дел од преминот Доломити СуперСики, кој поврзува 11 други одморалишта во регионот.

Официјална страница: https://www.valgardena.it

 

Madonna di Campiglio, Италија

Ски центарот Madonna di Campiglio  во Доломитите на Брента, северно од Верона, е помалку познат од одморалиштата на источниот Доломит, но Madonna di Campiglio ги нуди некои од најквалитетните патеки на Италија со сличен живопис на Cortina d’Ampezzo. Повеќе од 150 километри патеки и падини, до кои пристапуваат ски-лифтовите од центарот на градот, нудат  голем предизвик кај голем дел од скијачите да го посетат ова место. Скијачи можат да скијаат ноќе на осветлени патеки, а Паркот на снегот Урсус е еден од најдобрите во Европа за слободен стил на скијање.

Официјална страница: https://www.campigliodolomiti.it

 

Courchevel, Франција

Courchevel е најголем и најпознат од неколкуте меѓусебно поврзани скијачки центри, познати како Les Trois Vallées (Три долини), кои го формираат најголемиот скијачки комплекс во Европа. Целата област е распространета на 10 долини и врвови, со надморска височина над 2.500 метри.Секое од петте посебни села на Куршевел има добар терен за почетници и напредни скијачи. Куршвел е особено пријателски расположен за семејства, бесплатните ски лифтови им служат на областите за почетниците, а на лифтовите се обезбедуваат безбедносни елеци за деца и други поволности. Покрај суперлативното скијање, Курчевел е познат по своите луксузни сместувачки места  и вкусна храна во неколку ресторани оценети со Michelin ѕвезда.

Официјална страница: www.courchevel.com

 

St. Anton am Arlberg, Австрија

Место познато за напредни и сериозни скијачи, популарно по десетина одлично средени патеки за тој тип на скијачи. Најдолгата стаза како и најпосетената е 10-километарската Ваallуга-St.Anton, на надморска височина од 1.347 метри. Тука редовно може да се сретнат и патеки со црвена боја, кои не секогаш може да бидат на располагање на сите скијачи. Но, кај скијачите и бордерите со висок адреналин секогаш се барани токму тој тип на ски-патеки. Има многу места каде што треба да се оди со водич заради големи одрони и стрмни стази, особено на Шиндлер Кар. Ски-лифтови го поврзуваат Свети Антон со ски-патеките од другата страна на Флексен Пас, врзувајќи  го со главните  одморалишта во Арлберг: Лех, Свети Кристоф, Зурс, Стубен и други, правејќи скоро 340 километарски патеки за скијање.

Официјална страница: www.Stantonamarlberg.com