Најпознатиот портал за патувања “Tripadvisor”, кој постои повеќе од 20 години и собира мислења за сите места во светот од патници кои веќе ги посетиле, и оваа година ги прогласи најдобрите плажи во Европа. Резултатите се сублимирани од сите мислења, прегледи и оценки кои ги оствариле посетителите на овој портал.
Оваа година за најдобра плажа во Европа е прогласена плажата Spiaggia dei Conigli, која се наоѓа на островот Лампедуза во близина на Сицилија, Италија. Песокот е златен, водата е тиркизна, кристално чиста и има многу риби, што ја прави интересна и за нуркање.
Понатаму листата е следна:
2. Плажа Kleftiko на островот Милос, Грција.
3. Плажата Luskentyre на островот Харис, Велика Британија.
4. Плажата Ses Illetes на Форментера, Балеарски Острови.
5. Плажата La Concha во Сан Себастијан, Шпанија.
6. Плажата Woolacombe во Велика Британија.
7. Плажата Elafonissi на Крит, Грција.
8. Плажата Cala Mariolu на Сардинија, Италија.