Откако властите во Шпанија им дозволија на своите граѓани овој месец да може да одат на плажа, сега најавија дека ќе почнат да примаат и странски туристи од Јуни.
Премиерот на Шпанија Педро Санчез објави дека Шпанија ќе ги отвори своите граници за странски туристи од Јули, а шпанската влада ќе гарантира безбедност на туристите.
“На Шпанија и’ е потребен туризмот и им гарантираме на туристите дека нема да бидат изложени на никакви ризици, на туризмот му е потребна безбедност и од појдовната точка и на дестинацијата.” – изјави Санчез.
Шпанија ја посетуваат 80 милиони туристи годишно, а пандемијата од Covid-19 Шпанија ја стави на листата на една од најпогодените земји во светот, каде досега над 28.500 луѓе починаа од вирусот.
Премиерот Санчез изјави и дека планот за помош од три милијарди евра за семејствата кои се најпогодени од пандемијата ќе стапи на сила во наредните неколку недели, пренесува „Гардијан“.