Премиерот на Малта, Роберт Абела соопшти дека ќе ја отворат сезоната за летен туризам од 1 јули. Но, нема да биде отворена за сите земји во светот, засега од 1 јули ќе може да влезат на Малта само туристи од неколку европски земји, како и жители на Сицилија и Сардинија, (но не и од цела Италија) и Израел. Аеродромот на Малта е затворен од 21 Март, а од 1 јули освен со авион, туристи ќе може да влезат на островот и преку воден пат.
Листата на држави чии граѓани може да влезат во Малта е следна:
- Исланд
- Словачка
- Кипар
- Литванија
- Израел
- Норвешка
- Швајцарија
- Естонија
- Данска
- Унгарија
- Австрија
- Луксембург
- Германија
- Чешка
- Финска
- Ирска
- Латвија
- Делови од Италија : Сицилија и Сардинија
Властите на Малта нагласија дека овој список редовно ќе се ажурира, според епидемиолошката состојба на сите земји во светот.
Инаку, Малта спроведе интензивни тестирања за Covid-19 и регистрираше 619 позитивни случаи и два смртни случаи. Училиштата и црквите се сеуште затворени, а рестораните и продавниците започнаа со работа.