Photo: Screen shot Youtube video

За вкусови не се дискутира, но има одредена храна која повеќе од 90% од луѓето не можат да ја поднесат, ни да ја погледнат или помирисаат, а камоли да ја пробаат.

Музеј на одвратна храна (Disgusting food museum) е отворен во Малме, Шведска во 2018 година и содржи околу 80 јадења и состојки за храна од различни делови на светот. Во музејот може да ја пробате, помирисате и да ја допрете храната, така што ова е еден забавен, интересен и интерактивен музеј, погледнете го ТУКА.

Photo: Screen shot Youtube video

Од изложените работи се издвојуваат сирења со црви, вино од глувци, супа од лилјаци, монголски напиток од овчи очи, скапана ајкула од Исланд, печен глушец – специјалитето од Перу, а може да го помирисате и најсмрдливото сирење на светот.

Целта на овој музеј е да не’ поттикне да размислиме колку нашиот однос кон храната е културолошки, а колку психички и зошто ни се гади од нешто што за други луѓе претставува посластица.

Картата која ќе ја купите за влез во музејот воедно е и кеса за повраќање, да ви се најде за секој случај.

Дали би го посетиле овој музеј?