Ако ова лето се подготвувате да одите на одмор во Грција и да уживате во морето и убавите песочни плажи, бидете спремни да избегнете непријатност од пецнување на медуза. Имено, иако во близина на крајбрежјето на Грција, медузите најчесто се појавуваат во месец август, веќе се забележани на повеќе места на Халкидики и неколку острови.
Грчкиот Опсерваториум за биодиверзитет објави мапа на која се обележани местата каде оваа година се имаат појавено медузи. Мапата постојано се ажурира и во неа со датум се внесува кои видови на медузи се забележани, за да се знае дали се опасни или не.
На Халкидики засега со медузи е зафатено крајбрежјето на првиот крак Касандра, како и една половина од вториот крак Ситонија, додека медузи се уште нема на третиот крак Атос.
Мапата може да ја погледнете ТУКА.