Ако не ве фаќа место и сакате буквално да сте нонстоп во движење и патување на различни дестинации, а може да работите од кое било место на светот или да уживате во пензионерските денови, денес да сте во Италија, утре во Шпанија, задутре пак во трета држава – тогаш овој крузер би бил идеален за вас.
Компанијата Storylines моментално го гради луксузниот, резиденцијален брод “Narrative”, кoj ќе патува низ светот без престан, започнувајќи од 2025 година. Ова e и првиот резиденцијален брод за крстарење по светот, со 18 палуби и 547 пловечки станови за 1000 патници.
Пловечките домови на крузерот веќе се продаваат, а започнуваат со цена од 1 милион долари за апартман од 237 м2, до 8 милиони долари за дом од 1.970 м2 кој содржи четири спални соби.
Цената на становите не ги вклучува месечните трошоци кои изнесуваат околу 2.600 долари по лице, а оваа сума ја покрива исхраната на патниците во 20-те ресторани и барови на бродот, како и останати достапни услуги, како користење на базени, куглана, велнес објект, водни спортски реквизити, работни простории, Wi-Fi… На бродот ќе има и доктор, фармацевти, нутриционист и физиотерапевт, како и болница и хеликоптерска писта за итни медицински случаи.
Погледнете како изгледа овој луксузен крузер и становите во него:
Мотото на Storylines е да се живее посреќен, поздрав и подолг живот.