Photo: Youtube video screenshot

Уште еден град во Италија продава куќи за 1 евро – станува збор за Сант’Елија а Пијаниси во регионот Молизе.

Иако ова може да звучи како остварување на сонот за потенцијалните сопственици на куќи, постојат некои услови кои треба да се земат во предвид – куќите имаат потреба од реновирање, а купувачите мора да стават депозит од 5.000 евра за реновирање.

Во рок од шест месеци по купувањето на имотот, новите газди мора да поднесат план за реновирање до локалната власт, а реновирањето мора да биде завршено во рок од три години. Градот претпочита купувачите да ангажираат локални работници, да користат регионални материјали и да го завршат реновирањето во најбрза временска рамка.

Домовите во Сант’Елија а Пијаниси од 1 евро се дел од напорите за заживување на градовите во Италија кои се во опаѓање, бидејќи младите Италијани често заминуваат од таму.

Може да ги истражите сите домови во Италија од 1 евро на 1eurohouses.com, каде има имоти за продавање во региони како: Емилија-Ромања, Абруцо, Кампанија, Сицилија.