Аеродром – хаос од долги редови за чекирање и скенирање на багаж, строги аеродрмски службеници, скапа храна, неудобни столчиња, лошо кафе… Навистина, аеродромите може да бидат вистински пекол, па затоа колку побрзо поминеме низ нив, толку подобро.
Ви нудиме повеќе корисни идеи за полесно преживување на аеродромите:
- Обележете го вашиот багаж за полесно препознавање, како и за помали шанси да го помешате со туѓ багаж.
- Авионските карти чекирајте ги on line.
- За секој случај авионските карти имајте ги снимени во вашиот телефон или отпечатени на хартија.
- Во колоните за чекирање на багаж, зафатете место веднаш до редот за бизнис класа, бидејќи понекогаш вработениот на тој шалтер, за да расчисти створена гужва, може да почне да чекира багаж и од соседниот ред.
- Пред скенирање на рачниот багаж, бидете сигурни дека електронските уреди и течностите ви се сместени на достапно место, за да може веднаш и лесно да ги извадите за контрола.
- Ако сте жедни, а на скенирање на багажот не може да поминете со шише вода или сок, ставете празно шише во торбата и откако ќе ја поминете контролата, наполнете си го шишето со вода.
- Претходно информирајте се што не смеете да носите во рачен багаж, како што се остри метални и дрвени предмети, запалки, батерии, секаков вид на спрејови, течности (максимална дозволена количина на течности е 1 L , распоредени во шишиња од по 100 ml.)
- Исчистете ги џебовите од метални пари, клучеви, накит и слични предмети со кои не може да пројдете на детекторот за скенирање.
- Понесете си преносен полнач за мобилен телефон и лап топ.
- Не се буткајте во гужвата пред шалтерот на портата (гејтот) пред влез во авионот.
- Понекогаш се случува чекираниот багаж да се изгуби, да не стигне со вас на дестинацијата на која сте го чекирале, па затоа во рачен багаж секогаш носете си резервна облека и мали количини на козметика.
- Влезете последни во авионот – ако авионот не е целосно полн, може да си одберете било кое од празните места, а ако имате малку повеќе среќа – може да си фатите место во бизнис класа. 😉