Photo: Brianna R from Unsplash.com

При вадење на пасош за првпат или пак при негово обновување по поминат рок на важност, освен што треба да приложите соодветна документација, потребно е и да го платите.

Просечна цена за вадење на нов пасош е 100 – 160 американски долари.

Во Јапонија и Нов Зеланд за нов пасош треба да платите 125 долари, во САД вадење на пасош за првпат чини 165 долари, додека обнова на стар пасош е 130 долари, во Шведска нов пасош е 150 долари, Мексико 170 долари, а во Велика Британија чини 95 долари.

Цени на дел од најскапите пасоши во светот:

Вадење на нов пасош во Австралија чини 220 долари, во Лихтенштајн чини 260 долари, во Куба 270 долари, во Сирија пак ,иако е еден од најмалку моќните пасоши, нов пасош чини 600 долари, а во Либан 795 долари.

Во нашата држава вадење на нов македонски пасош по редовна постапка чини 1.800 денари (30 долари), а вадење на нов пасош по брза постапка чини 4.800 денари (82 долари). Дополнителни информации и потребни документи за вадење на пасош може да прочитате на веб страната на МВР.

Колку месеци пред да ви истече важноста на пасошот може да патувате во странство:

Колку месеци пред да ви истече важноста на пасошот може да патувате во странство