Дали знаевте дека Кокино е една од најстарите опсерватории во целиот свет? Откриена пред малку повеќе од 20 години, во 2001 година, мегалитската опсерваторија Кокино е класифицирана од страна на НАСА како 4-та најстара опсерваторија во светот.
Според НАСА, опсерваторијата е рангирана како четврта најстара опсерваторија во светот по египетската опсерваторија Абу Симбел, британскиот Стоунхенџ и Анкор-Ват во Камбоџа.
Кокино е богат археолошки локалитет земајќи во предвид дека ова место било населено уште пред 30.000 години – за време на бронзеното време (најбројни се наодите од средно бронзено време) луѓе живееле и практикувале верски ритуали на локалитетот. Поради својата положба, од тука може да се видат сите девет маркерски исечоци на источниот хоризонт што ги користеле древните „астрономи“ за секојдневно означување на изгревањето на Сонцето и Месечината.
Кокино е на оддалеченост од околу 75 километри од Скопје, односно 35 километри од Куманово, а еден од најинтересните денови за посета на оваа опсерваторија е летниот солистициј или најдолгиот ден во годината – 21 јуни.
Репортажа од Кокино – како да поминете еден ден таму и на што да посветите внимание, прочитајте: