Секој хороскопски знак се одликува со одредени карактеристики, според кои може да се одреди која дестинација најдобро му одговара и која ќе ги исполни неговите очекувања за незаборавно патување.

Прочитајте каде треба да отпатувате според хороскопскиот знак и започнете да го планирате вашето совршено патување:

 

ОВЕН

Овните сакаат активен одмор, бидејќи се родени истражувачи и сакаат предизвици. За нив идеална дестинација е патување низ Јужна Калифорнија во САД – со изнајмен автомобил да уживате во возењето по Sunset Strip, да научите да сурфате на плажите во Сан Диего, да се забавувате до раните утрински часови во клубовите во Лос Анџелес и патувањето да го завршите во градот кој не смее да го заобиколите – Лас Вегас.

 

БИК

Биковите се големи хедонисти, сакаат убави и софистицирани работи, па затоа прекрасно опкружување е тотален погодок за нив. Вакво идеално патување е Тоскана, Италија, каде може да изнајмите рустикална вила и да уживате во прекрасниот поглед со чаша добро, локално вино.

 

БЛИЗНАЦИ

Близнаците сакаат да запознаваат нови луѓе и места, тие се многу комуникативни, па за да ја задоволат својата љубопитност и желбата за истражување на нови места – за нив идеална дестинација се Тел Авив и Ерусалим во Израел. Тел Авив ќе ја задоволи едната страна на Близнаците која сака предизвици, ќе уживате во убава храна и одличен ноќен живот, а Ерусалим ќе ја задоволи другата, помирна страна на Близнаците која сака да истражува историја и култура.

РАК

Ракот најубаво се чувствува дома, но некогаш и тој има потреба да отпатува. Идеална дестинација за него е југот на Франција, градот Aix-en-Provence, некогашна престолнина на Прованса. Тука може да уживате во прошетки, во одличната француска кујна и вкусно кафе, а културно може да се надоградите во еден од најстарите француски музеи – Musee Granet.

 

ЛАВ

Лавовите сaкаат да бидат во центар на вниманието и уживаат во авантури. Тие сакаат да патуваат и треба да ги доживеат местата за кои со години зборуваат и сонуваат. Едно такво место е Аргентина, а Буенос Аирес ќе ве воодушеви со неговиот немирен дух и одличен ноќен живот, како и со вкусна храна и одлично вино.

 

ДЕВИЦА

Девиците се многу педантни и организирани, секогаш спремни да помогнат на секој кој ќе побара помош од нив, па затоа им треба одмор од се’, каде ќе ги остават сите грижи барем за краток период и ќе се препуштат на уживање. За нив идеален одмор е спа ресорт, како на пример Banjaran Hotsprings Retreat во Малезија.

ВАГА

Вагите сакаат рамнотежа, мир и складност, а истовремено се и роматични души и ценат се’ што е убаво обмислено и направено. Имаат потреба за симетрија во животот, па затоа за нив идеална дестинација е Истанбул во Турција, градот на два континети. Не мора да изберете помеѓу Европа и Азија, бидејќи мразите да бирате страни, па затоа овде ќе ги добиете двете во едно.

 

СКОРПИЈА

Скорпиите се храбри и по малку мрачни, сакаат да ги поместуваат границите, скоро во се’ знаат да ја пронајдат убавата страна, а највеќе ценат работи и места кои имаат моќ да преживеат и во најтешките времиња. Затоа идеална дестинација е Јоханесбург во Јужна Африка, град со бурно минато и многу белези, кои со тек на времето го направиле уште посилен.

 

СТРЕЛЕЦ

За Стрелецот патувањата не се само нешто во кое ужива, туку тие се негова потреба и ништо не го прави посреќен од патување. Нив може да ги пратите било каде на светот и тие секаде добро ќе се снајдат. Кампирање под отворено небо, пливање во недопрени езера, истражување на градови – сеедно. Но, нема да се задоволи со краток излет надвор од градот, па затоа идеална дестинација е Јужна Америка – цел континент за да ги задоволи сите свои авантуристички потреби.

ЈАРЕЦ

Јарците се најамбициозниот хороскопски знак и тешко е да се задоволат со било каков одмор. Тие сакаат да одат на места каде може да научат нешто ново, па затоа Тајван е идеална дестинација, од каде ќе се вратат збогатени со многу нови нешта.

 

ВОДОЛИЈА

Водолиите се бунтовници, кои постојано бараат нешто иновативно, авангардно и експериментално. Ја ценат слободата и се’ она што е помалку чудно и невoобичаено. Затоа ќе им се допадне Детроит, во Мичиген, САД – град полн со креативни луѓе кои се трудат да го оживеат својот град од економска пропаст. Исто така, Детроит е дом на Motown Historical Musem, каде својата кариера ја започнале Стиви Вондер, Дијана Рос и Марвин Геј, па не треба да го прескокнат за посета.

 

РИБИ

Рибите се големи сонувачи и романтични души, кои не сакаат туристички гужви. Затоа за нив идеална дестинација е Тибет, каде ќе уживаат во тишината и духовноста на местото. Бидејќи се воден знак, најсреќни се покрај вода, па треба да го посетат езерото Намсто, каде може да се препуштат на медитација, пливање, мир и тишина.