Италија е една од земјите кои се најпогодени од Covid-19 пандемијата, па загубите на оваа земја се огромни на секое поле и Италијаните уште долго време ќе ги чувствуваат последиците.
Но, Сицилија реши да превземе драстични мерки за да и оваа година привлече туристи, откако ќе биде возможно да се патува во Италија.
Властите на Сицилија одлучиле да им покријат дел од трошоците на туристите кои ќе решат својот одмор да го поминат на овој остров и тоа – ќе им платат половина од износот на авионската карта и третина од хотелските трошоци, а исто така ќе им делат и бесплатни билети за музеи и археолошки наоѓалишта.
Овие поволности туристите може да ги обезбедат преку сајтот “Visit Sicily”, а ќе можат да се користат веднаш штом ќе биде дозволено да се патува во Италија. Засега сеуште не се знае кога би можело тоа да се очекува, но од 4 Мај најавено е отварање на рестораните за храна за носење, жителите ќе можат да одат во паркови и да патуваат локално, а потоа постепено ќе се отвараат и останатите дејности.