Photo: Unsplash.com

Колку пати ви се случило да гледате филм и во него да препознаете некоја локација која сте ја посетиле или е во ваша непосредна близина?

Тимот на NetCredit ги обработил сите локации на филмови и ТВ серии снимени во период од 1900 до 2020 година, користејќи информации од базата на податоци на IMDb и ја создал мапата на најчесто снимани локации ширум светот. Според нивните анализи, најсниманата локација во светот е Централ Парк во Њујорк.

Photo: Jermaine from Unsplash

Топ 20 листата на најснимани локации во светот изгледа вака:

  1. САД – Централ Парк, Менхетен, Њујорк
  2. Канада – Нијагарините водопади, Онтарио
  3. Обединето Кралство – Плоштад Трафалгар, Сент Џејмс, Лондон, Англија
  4. Авганистан – Кабул
  5. Полска – Концентрационен логор Аушвиц
  6. Полска – Освиечим, Малополски 
  7. Шпанија – Кабо де Гата, Алмерија, Андалузија
  8. Франција – Ајфеловата кула, Париз 
  9. Португалија – Тобис Португеза, Лумиар, Лисабон
  10. Сенегал – Дакар 
  11. Австрија – Театар Јозефштад, Виена
  12. Австралија – Операта во Сиднеј
  13. Финска – Сенатинтори, Хелсинки
  14. Италија – Плоштад Свети Марко, Венеција
  15. Чиле – Пустината Атакама
  16. Данска – Аеродром во Копенхаген
  17. Еквадор – Острови Галапагос 
  18. Бразил – Амазонската прашума
  19. Непал – Монт Еверест
  20. Русија – Црвениот плоштад, Москва

Не спаѓа во Топ 20 најснимани локации во светот, но според мапа на најснимани локации во секоја држава во светот – најснимана локација во Македонија е градот Охрид.

Целата мапа може да ја погледнете овде:

The Most Filmed Movie Location In Every Nation, Mapped