Ако ова лето планирате одмор во Грција, тогаш имајте ја на ум оваа информација – една од најпознатите плажи ќе биде затворена за туристи.
Заради претпазливост од нови одрони, најпознатата плажа на островот Закинтос – Навагио ова лето нема да биде пристапна за туристи.
Оваа плажа е затворена за локалното население и посетителите од септември минатата година, по земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала кој предизвикал големи камења од карпите да паднат во заливот.
Безбедноста на плажата ќе се проценува двапати годишно.
Одлуката за забрана на пристап до плажата Навагио била препорачана од тим експерти од Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита (ОАСП), по посетата на локацијата на 8 март оваа година, како дел од редовната проценка за нејзината безбедност.
Заштитен знак на плажата Navagiо е заринкан брод т.е остатоци од стар брод, како и тиркизната боја на морето, која секоја година привлекува милиони туристи да ја посетат и да уживаат на неа.