Фудбалскиот клуб Heerenveen од Холандија минатата сабота го наполни својот празен стадион со 15.000 плишани мечиња за да собере пари за добротворната организација “КиКа” за истражувањa на рак кај деца.
Овој клуб кој игра без публика како мерка против ширење на Covid-19, ја спровел оваа акција за време на натпреварот против фудбалскиот клуб Emmen, при што ги поттикнал навивачите да купат плишано мече и да ја подигнат свеста за децата болни од рак во Холандија. Навивачите веднаш позитивно изреагирале на оваа иницијатива и сите 15.000 плишани мечиња, облечени во дресот на Heerenveen, биле распродадени во рок од 24 часа, при што се собрале повеќе од 230.000 евра.
Вака изгледал стадионот наполнет со мечиња:
Секоја чест! Се надеваме дека овој хуман гест ќе го следат многу спортски клубови во светот и кај нас кои моментално играат во празни сали и стадиони.