Дубаи користи технологија на вештачка интелигенција (Artificial Intelligence technology) за да провери дали ги почитувате мерките пропишани за спречување на ширење на Covid-19.
Видеа од CCTV и други безбедносни камери се анализираат во реално време за да се открие прекршување на пропишаните безбедносни мерки, како што се социјалното дистанцирање, носење на маски за лице и максимално зафаќање на простор.
Оваа технологија им овозможува на одговорните лица да превземат итни активности против оние кои ги прекршуваат мерките, за да ја зачуваат безбедноста на заедницата. Изработена е од страна на Институтот за технологија во Масачусетс, САД.
Погледнете како сето тоа изгледа на видеото: