Од опуштање во бања со поглед на фјордови, посета на француски гастрономски замок, луксузен ресорт во Дубаи, до уживање на неразгазен снег на Попова Шапка -реномираниот британскиот “The Times” предлага листа на 10 восхитувачки туристички дестинации во светот.
Нурнете во геотермални води во луксузно исландско одморалиште (има неколку на листата) или упатете се кон убавиот романски град Темишвар за романтичен викенд. Почестете го семејството во хотел со пет ѕвезди во Дубаи, Турција или Барбадос, одете на кулинарско патување во прекрасната, рурална Франција во замокот Белет или испланирајте авантура на отворено со ранец за патување.
Меѓу овие 10 дестинации, наведена е и Попова Шапка како дестинација за враќање во природата, скриено место на Балканот, за оние патувачи кои сакаат нови предизвици.
Понудата за посета на Попова Шапка е претставена преку компанијата “Шар Аутдорс”, која нуди адреналински авантури: “Создадени од група на локални љубители на авантури кои израснале во македонските планини, “Шар Аутдорс” го познаваат задоволството од скијање на длабок снег по недопрени терени и со задоволство ќе ве однесат на скијање, планинарење, возење со електрични велосипеди и истражување на планината со посетители – истомисленици.”
Целиот текст на The Times може да го прочитате: