Можеби сте забележале елегантен сино – бел воз кој застанува во Скопје, патниците ги носат на разгледување низ градот и во Охрид, а потоа продолжуваат со турата.

Венеција – Трст – Постојна – Љубљана – Сараево – Мостар – Темишвар – Белград – Скопје – Софија – Пловдив – Истанбул е рутата која ја вози Golden Eagle Danube Express – еден од приватните, луксузни возови на компанијата “Golden Eagle Luxury Trains”.

Photo: Youtube video screenshot

Оваа рута е само една од повеќето рути кои ги возат четири луксузни возови на компанијата, а оваа тура тие ја опишуваат како:

“Иконското патување на Големата европска турнеја помеѓу Венеција и Истанбул, со посета на осум држави за дванаесет дена со приватен воз. Ова патување на животот ве транспортира од волшебниот „Град на водата“ до бисерот на Византиската империја. Со префинетоста и раскошната елеганција на една мината ера, нашите возови го доловуваат винтиџ шармот на златната ера на патувањето. Започнете го вашето патување во Венеција, пред да се прошетате низ заводливиот балкански регион.”

За сите тури кои ги нудат – од европски патувања, па се’ до Индија и патот на свилата и за луксузните третмани кои ќе го доживее секој патник, компанијата ги опишува:

“Нашите неспоредливи железнички патувања со приватен воз ве транспортираат низ кралските пејзажи на Европа, низ волшебната привлечност на Индија и мистичните чуда на Централна Азија по историскиот Пат на свилата. Ние комбинираме првокласна услуга за корисници со секојдневна можност да откриете некои од најинспиративните знаменитости во светот, а воедно уживате во „соба со поглед“ што претставува постојано менувачка панорама на убавина.”

Photo: Youtube video screenshot

“Во возот, подгответе се да бидете пречекани во свет на раскошна удобност, со добро опремени кабини, извонредни искуства со јадење и елегантна околина што ги одразува највисоките стандарди на луксуз. Уживајте во пријатна атмосфера што не познава граници, без разлика која прекрасна дестинација ќе ја изберете да ја истражите.”

Несомнено, ова луксузно патување со воз е нешто што се памети цел живот, па ако имате можност и сакате подолго да патувате со воз – место може да си резервирате на веб сајтот на компанијата:

Home