Photos from Unsplash.com

Дали знаете дека на Антарктикот има точка која го носи името на македонскиот револуционер Јане Сандански?

Оваа точка всушност е крстена по градот Сандански во Бугарија, кој е именуван по нашиот револуционер Јане Сандански (1872 – 1915).

Photo: Google maps

Точката се наоѓа на островот Ливингстон на Антарктикот, кој е најјужниот и најмалку населениот континент на Земјата и кој го опкружува Јужниот Пол. Антарктик е петти по големина континент, речиси двојно поголем од Австралија и поголем од Европа, со  површина од 14.200.000 км2. Поголемиот дел од Антарктикот е покриен со мраз со просечна дебелина од 1,9 километри.

Photo: Henrique Setim from Unsplash.com

Антарктик може да го посетите со организирана тура со туристичка агенција, каде во друштво со научници кои престојуваат таму може да ја истражите недопрената природа со вечен мраз и снег и да фотографирате јато пингвини и фоки.

Прочитајте и за градот во САД кој се вика Македонија:

Градот Македонија во Америка – Како го добил ова име?