Photo: Jeswin Thomas from Unsplash.com

Патување со домашен миленик со авион може да биде многу стресно и за миленикот и за неговиот сопственик, бидејќи дел од авионските компании не дозволуваат животно во авион, а оние кои дозволуваат – најчесто ги сместуваат милениците во специјален обезбеден простор на карго багажникот на авионот.

Но, постојат авиокомпании кои дозволуваат мали домашни миленици да се превезуваат во патничката кабина (како на пр. кучиња, мачки, птици). Домашниот миленик во кабината треба да се превезува во соодветен кафез или торба со водоотпорно дно.

Ова се авиокомпании кои дозволуваат летање со кучe во патничката кабина на авионот:

  • Aegean Airlines
  • Air Canada
  • Air Europa
  • Air France
  • Alaska Air
  • American Airlines
  • Delta
  • French Bee
  • JetBlue
  • Lufthansa
  • Southwest
  • TAP Air Portugal
  • TUI Fly
  • Turkish Airlines
  • United Airlines
  • Vueling

Имајте во предвид дека транспортот на домашни миленици се наплаќа дополнително согласно тарифите применливи за дополнителен багаж. Ако планирате да летате со вашиот домашен миленик, пред патување исконтактирајте ја авиокомпанија со која планирате да летате, за подетално да се информирате.

Поопширно за правилата на летање со куче (дозволена величина, тежина, возраст и сл.) на секоја од горенаведените авиокомпании прочитајте:

21 Airlines That Allow Flying With Dogs In Cabin [2023 Pet Policies]