Каде сте го изеле најдобриот оброк во вашиот живот? Кој ресторан ви оставил најдобар впечаток? Каде би се враќале повторно и повторно да пробате се’ од менито?
“Добредојдовте на нашата листа на 150 најлегендарни ресторани ширум светот, од кои секој нуди уникатно гастрономско патување, кое апсолутно вреди да го направите барем еднаш во животот”, вели Taste atlas, кој ја изработи оваа листа на ресторани кои го издржале тестот на времето, избегнувајќи трендовски трикови во корист на традиционалната, висококвалитетна кујна.”
“Од мали, семејни ресторани до ценети ресторани со Мишелин ѕвезди, сите овие ресторани споделуваат посветеност на кулинарската автентичност. Овде фокусот е на вистинската храна со робусни вкусови, често со користење на рецепти кои се пренесени низ генерации. Секој ресторан има своја приказна, зачувувајќи ја својата култура, одржувајќи ги традициите и создавајќи трајни спомени”, додаваат од Taste atlas.
Првите 5 ресторани на листата се:
1. Figlmüller во Виена, Австрија. Ресторан отворен во 1905 година, најпознато јадење: Schnitzel Wiener Art.
2. Katz’s Delicatessen во Њујорк, САД. Ресторан отворен во 1888 година, најпознато јадење: Pastrami on rye.
3. Warung Mak Beng во Санур, Индонезија. Ресторан отворен во 1941 година, најпознато јадење: Ikan goreng.
4. La Polar во Мексико сити, Мексико. Ресторан отворен во 1934 година, најпознато јадење: Birria.
5. L’Antica Pizzeria da Michele во Наполи, Италија. Ресторан отворен во 1870 година, најпознато јадење: Pizza Napoletana.
На оваа листа се наоѓаат и два ресторани од просторите на поранешна Југославија:
54. Tri Šešira во Београд, Србија. Ресторан отворен во 1864 година, најпознато јадење: Караѓорѓева шницла.
68. Ćevabdžinica Željo во Сараево, БиХ. Ресторан отворен во 1968 година. Најпознато јадење: ќебапи.
Целата листа на Taste atlas за 150 најлегендарни ресторани во светот може да ја погледнете ТУКА.