Уште едно поврзување на авио-релација С.Македонија – Турција започнува од јуни оваа година.
Скопје ќе биде директно поврзано по воздушна линија со Измир од 19 јуни 2022, најавува тур-операторот Wtatil, а летот ќе се одвива еднаш неделно со SunExpress.
Wtatil е еден од најголемите тур-оператори во Турција со седиште во Истанбул, а има свои претставништва и во Охрид, Ханој (Виетнам) и Бангкок, Патаја и Пукет (Тајланд).
Почетна цена за билет во еден правец Скопје – Измир моментално е 339 евра со вклучен багаж од 30 кг, а билет може да купите на веб страната на SunExpress.com. Летот трае 1 час и 20 минути.