Знамето на твојата држава е дел од она што си ти, дел e од твојата култура и историја. Каде и да одиш низ светот – ако го видиш знамето на твојата држава, ќе се почувствуваш поблиску до дома.
Прочитајте интересни факти за знамињата:
Боите на секое знаме ги означуваат најважните карактеристики на државата, па така на пример боите на знамето на Бразил означуваат: прашума (зелeната боја), злато (жолтата боја) и небо (сината боја), трите бои на знамето на Франција ги означуваат најважните вредности – слободата, еднаквоста и братството.
Исто така, триколорнотo знаме на Франција станало толку популарно што почнале да го копираат земји како: Италија, Белгија, Романија, Мексико и многу други.
Знамето на Етиопија пак имало влијание на другите афрички држави.
Во арапските земји, знамињата ги содржат: црвената, црната, зелената и белата боја.
Викиншките земји пак имаат крст на своите знамиња, бидејќи најголем дел од нивното население се христијани.
Знамето на Данска е старо повеќе од 800 години, со што е најстаро знаме во светот.
Сите знамиња имаат правоаголна форма, освен три: знамињата на Ватикан и Швајцарија се во форма на квадрат, а знамето на Непал има неправилна форма.
Единствена боја која не ја содржи ниту едно знаме е виолетовата, а тоа е така бидејќи не толку одамна единствен начин да се добие оваа боја било од мал, морски полжав, кој може да се најде единствено во мал регион во Либан. За да се направи 1 грам виолетова боја биле потребни 10.000 полжави, па ниту една држава не можела да си дозволи целосно да го обои своето знаме со оваа боја.