Photo: Screenshot atlasobscura.com

Повеќе од 22.000 неверојатни, необични места и објекти може да најдете на интерактивната мапа на светот која ја објави Atlas Obscura, кои се споделени од многу патници и истражувачи. На оваа карта има секакви невообичаени места, како пицерија на вулкан, солено езеро со бои на виножито, опсерваторија моделирана според R2D2, катакомби, крипти и илјадници други архитектонски чуда. Ако кликнете на мапата – за секое од обележаните места и објекти, може да прочитате корисни информации.

На оваа мапа Македонија е застапена со повеќе несекојдневни објекти и места, како: Споменикот “Македониум” во Крушево, Работилница за рачна изработка на хартија во Охрид, Музеј на тутун во Прилеп, Скопското Кале, Куклици, Кокино, Меморијалниот дом на Тоше Проески во Крушево, напуштениот Пионерски камп во с.Николиќ и објектот на Управата за хидрометеоролошки работи во Скопје.

Целата мапа може да ја погледнете ТУКА.

А, ако сметате дека некое интересно место е пропуштено на оваа мапа, може да го додадете ако се пријавите на страната на Atlas Obscura.