Ако ова лето планирате да заминете на одмор во Грција со автомобил, придржувајте се кон сообраќајните прописи заради ваша безбедност и безбедност на сите околу вас. Освен тоа што со непочитување на сообраќајните правила може да си го загрозите вашиот живот и животoт на другите учесници во сообраќајот – и казните се високи:
Возење без појас (задолжително за сите седишта) – 350 евра.
Зборување на мобилен телефон без употреба на hands free – 100 евра.
Превоз на деца надвор од детско седиште (задолжително седиште за деца до 3 години, деца од 3 до 11 години и пониски од 1,35 м. на задно седиште во детско седиште, а постари од 12 години и повисоки од 1,35 можат да користат ремени за возрасни) – до 350 евра.
Пречекорување на дозволена брзина во населено место до 30 км на час – 100 евра.
Претекнување на полна линија – до 700 евра.
Пoминување на црвено светло – до 700 евра.
Дозволено количество на алкохол во крвта е 0,05%, за нови возачи (дозвола до 2 години) и моторциклисти е 0,02%.
Дополнителни патни информации за Грција може да прочитате на веб сајтот на АМСМ.