Поинаква од вообичаените љубовни приказни, оваа година најневообичаена љубовна приказна ни доаѓа од Мелбурн, Австралија.
Ја има забележано фотографот Tobias Baumgaertner за која е добитник на награда на Океанографскиот магазин – Ocean Photography Award 2020.
На фотографиите се прикажани два пингвина – помалиот пингвин е женка чиј партнер пингвин починал годинава, а потемниот пингвин е мажјак кој ја изгубил парнерката пред две години. Биолози ги следеле како се среќаваат секоја вечер, за да се утешат еден со друг. Стоеле со часови заедно гледајќи кон хоризонтот на Мелбурн. Фотографиите погледнете ги ТУКА.