Photo: Bruno Wolff/Unsplash

Голем број на македонски граѓани во потрага по подобар живот се иселуваат насекаде низ светот. Овој тренд е особено забележан во последниов период – по добивање на визната либерализација и со вадењето на бугарско државјанство.

Иселувањата на Македонците во западноеропските земји првпат се забележуваат во 50-те години на XX век, а помасовни размери добиваат по осамостојувањето на државата. Големи македонски иселенички колонии има во Германија, Италија, Шведска, Франција, Швајцарија, Велика Британија.

Поранешната потпретседателка на македонскиот парламент – Фросина Ременски на својот Фејсбук профил објави табела со податоци во кои може да се види каде најчесто се иселуваат македонските државјани:

“Според Светската банка (2010), бројот на македонски граѓани во прекуокеанските земји, европските држави и други земји изнесува 422 084. Овој број се зголемува за плус 50 000, ако се пресметува бројот на македонски граѓани според официјалните статистички податоци на државите.
Најмногу македонски граѓани се иселиле во: Италија (101.536), Германија (99.646), Австралија (93.571), Швајцарија (61.668), Турција (35.308), Србија (25.847) …
Ако овие податоци од 2010 година се гледаат низ призмата на миграционото салдо на државата, според кое повеќе граѓани се отселиле, отколку што се доселиле, тогаш оваа половинамилионска сума на иселени граѓани од РМ, е поголема за + 150.000 …” напиша Ременски.
Табелата со овие податоци може да ја видите ОВДЕ.
Photo: Jason Leung/Unsplash
А, официјални статистички податоци за бројот на македонските иселеници во светот може да погледнете на веб страната на Агенција за иселеништво на Република Севрена Македонија на овој линк: https://www.minisel.gov.mk/za-nas/lista-informacii-javen-karakter/statistika/